Утрински Весник
Македонија

Милевски: Проектот „За одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ е во интерес на подобар стандард за граѓаните

Милевски: Проектот „За одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ е во интерес на подобар стандард за граѓаните

За одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој е проектот за кој министерот за локална самоуправа, Горан Милевски активно се вклучи на денешниот управен одбор на кој заседаваше комитетот во кој членуваат Кабинет на Заменик Претседателот на Влада задолжен за економски прашања, Министерството за локална самоуправа и Швајцарската амбасада.

„Заеднички водиме проект кој што е во вредност од 5 милиони швајцарски франци, од кои 3,320,000 се придонес од Швајцарија. Првата компонента е од Кабинетот на Заменик Претседателката, останатите компоненти се на Министерство на локална самоуправа, преку кои ги поддржуваме планските региони и центрите на планските региони, со иновативни проекти. Во изминативе две години се реализираа проекти кои што се во интерес на граѓаните, меѓутоа со Швајцарците не застанавме само тука, тие помогнаа и во изградбата на монтажната болница за Ковид-19, која што е пред Клиниката за инфективни болести, во износ од 260 илјади швајцарски франци“, изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Додаде дека главната цел на проектот е да се намалат разликите во развојот помеѓу и во рамките на планските региони, што ќе придонесе за подобри услови за живеење на сите граѓани. Процесот ја следи логиката на трите главни компоненти на проектот, секоја покривајќи соодветни активности.

„Денеска, беше дискутирано дека во следниот период ќе ги подобриме условите на учениците во село во општина Долнени, така што ќе се реновира училиштето како и ред други проекти кои се наменети за идните генерации. Очекуваните резултати од проектот се подобрена правна рамка за регионална политика и зајакнати капацитети на националните институции надлежни за спроведување на регионалната политика“, додаде Милевски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци