Во Бугарија се потврдени 194 случаи на новозаразени од ковид-19 во последните 24 часа. Извршени биле 3.832 тестови.
Во моментов во Бугарија се потврдени 10.621 случаи, а како активни се водат 4.689. Излекувани се 5.585 лица, од кои 230 во текот на изминатите 24 часа.
Вкупно, 686 пациенти се сместени во медицинските установи, а од нив 39 се во одделенија за интензивна нега.
Седум лица починаа во последните 24 часа, со што бројката достигна 347 од почетокот на пандемијата.
Од ковид-19 се заразени 618 медицински работници во земјата.