Нов притисок добива актуелниот тренер на Барселона Кике Сетиен. Раководството му ја овозможи довербата да го води тимот во завршницата од ЛШ, но тој нема причина да биде сигурен дека и следната сезона ќе ги предводи Каталонците.
Ако Барса не ја освои ЛШ, притисокот ќе се зголеми, а последната вест од таборот на Каталонскиот клуб е дека Лео Меси има своја желба за тренер во Барса за идната сезона.
Се работи за Марсело Биелса кој сезонава го слават во Англија, во Лидс Јунајтед откако успеа со клубот да се врати во ПЛ по пауза од 16 години.
Иако се од исто место, од Росарио, патиштата на Биелса и на Меси досега не им се споиле.
Аргентинскиот стратег бил на мета на раководството на Барселона уште во 2012 година, по заминувањето на Гвардиола, но тогаш на кормилото на славниот клуб се најдоа Вилано, па Мартино.
Останува да се види дали Меси повторно ќе го искористи својот авторитет во клубот за да го донесе „лудакот“ Биелса на „Ноу Камп“.
> Меси има своја желба за тренер на Барса – Марсело Биелса? <