Утрински Весник
Македонија

Македонски концепт поднесе тужба до Управниот суд

Богојески: 10% ДДВ на храната во угостителството и воведување само на стандардни мерки од СЗО за Ковид 19 после 16 јули

Македонски концепт во текот на вчерашниот ден поднесе тужба до Управниот суд против решението на Државната изборна комисија да не дозволи увид и пребројување на гласачките ливчиња.

Со тужбата, Македонски концепт бара да се поништи решението и да ѝ дозволи на партијата да изврши увид на вкупниот број гласови дадени на предвремените парламентарни избори и евидентирање на гласовите дадени за Македонски концепт.

Од таму истакнуваат дека овие предвремени парламентарни избори се сè само не фер и транспарентни.

„Ние од Македонски концепт не ги прифаќаме изборните резултати и сметаме дека се неверодостојни и нелегитимни. Ова што го видовме како изборно сценарио на 15 јули е груб фалсификат и рушење на сите демократски принципи врз кои треба да се темели една слободна, фер и демократска држава. Македонски концепт за ова ја информира целата домашна и меѓународна јавност”, вели Петар Богојески, промоторот на Македонски концепт.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Средба на министерот Тошковски со косовскиот министер за внатрешни работи Свечла

Претрес во скопско: Пронајден кокаин, лишен од слобода криминалец баран со потерница

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, нови директори во бројни институции