Утрински Весник
Македонија

Управниот суд ги отфрли сите тужби на Алијанса за Албанците и Алтернатива

Судијка во САД го блокираше извршувањето на втората смртна казна на сојузно ниво по пауза од 17 години
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Управниот суд до денеска ги отфрли како неосновани сите 75 тужби поднесени од Алијанса за Албанците/Алтернатива, откако вчера одби половина. Засега отфрлена е и тужбата на политичката партија Интегра и на едно физичко лице.

„Управниот суд ја информира јавноста дека заклучно ден 22.07.2020 година, донесени се вкупно 77 одлуки од кои, 75 одлуки по тужби поднесени од тужителот Алијанса за Албанците и Алтернатива, една одлука по тужба поднесена од тужителот Интегра Македонска Конзервативна Партија како и една одлука по тужба поднесена од тужителот Живка Арсовска и по истите донесени се пресуди со кои тужбите на тужителите се одбиваат како неосновани и решенијата на Државната изборна комисија се потврдуваат“, информираат од Управниот суд.

Одлуките се објавени на официјалната веб-страна на судот.

Во тек е одржување на јавни расправи по поднесени тужби од политичките партии Левица, Социјалдемократска Унија, МОРО – Работничка партија и Демократи, чии одлуки ќе бидат јавно соопштени по завршување на расправите во законски определените рокови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хаос во Италија: Масовна пресметка меѓу Македонци и Албанци заврши со апсења

Земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Македонска Каменица во тридневна жалост по трагичната смрт