Утрински Весник
Свет

Коронавирусот руши рекорди: регистрирани повеќе од 250.000 нови случаи во еден ден

СЗО: Рекордно зголемување на бројот на заразени лица во светот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Oд почетокот на пандемијата, за првпат во светот се регистрирани повеќе од 250.000 нови случаи на коронавирус во еден ден, објави Светската здравствена организација. Во изминатите 24 часа, забележани се 259.848 нови случаи.

Бројот на починати е 7.360, што е најголема бројка од 10 мај. Вкупната бројка заразени досега изнесува над 14 милиони, од кои 601.000 починале.

Како што објави Универзитетот Џонс Хопкинс, најголем пораст на бројот на заразени бележат САД, Бразил, Индија и Јужна Африка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Естонија: Руски граничари влегоа на наша територија

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност