Утрински Весник
Македонија

(Видео) Села и Гаши: Го вративме Арачиново, убедливо победува нашата коалиција

(Видео) Села и Гаши: Го вративме Арачиново, убедливо победува нашата коалиција
Dik 300x250 mk

Зијадин Села и Африм Гаши одржаа заедничка прес конференција како претставници на коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Победуваме убедливо во шестката, во многу од општините таму. Почнувајќи од Гостивар, Неготино, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, изедначено е во Теарце“, рече Села.

Неговите очекувања се дека ќе победат и ќе влезат во преговорите за Влада.

„Во втората изборна единица водиме, мислам дека за првпат го вративме Арачиново, убедливо победува нашата коалиција. Во Куманово убедливо победуваме и сме пред ДУИ, и уште ги собираме резултатите“, рече Села.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Росоман

Сообраќајна несреќа на патот Дреново – Прилеп, сообраќајот во прекин

Двајца Охриѓани искршиле апарат во казино па се пресметале и со обезбедувањето – веднаш се уапсени