Утрински Весник
Спорт

Ван Дајк и Алисон го честеа Арсенал

Ван Дајк и Алисон го честеа Арсенал

Арсенал го победи Ливерпул со 2:1 во дерби мечот одигран во рамките на 36 коло во Премиер лигата. Со овој пораз Ливерпул останаа без можност да го урнат рекордот на Манчестер сити од 100 освоени бодови.

Ливерпул од моментот кога ја обезбедија шампионската титула не е тимот што газеше низ Премиер лигата. Против Арсенал го имаа поседот на своја страна упатија 22 удари кон голот на Мартинез, но само еднаш ја погодија целта.

За разлика од нив фудбалерите на Арсенал рационално ги користеа своите шанси, три пати шутираа кон Алисон, постигнаа два гола.

Првиот гол на натпреварот, по една школска акција, го постигна Садио Мане во 20 минута. Арсенал направија пресврт за 12 минути. „Тобџиите“ знаеја да ги искористат подароците што ги добија од Ван Дајк и Алисон Бекер.

Александар Лаказет постигна гол за 1:1 во 32 минута, а Рис Нелсон направи пресврт во 44 минута.

Арсенал останаа на деветтото место со 53 бода, Ливерпул на првата позиција има 40 бодови повеќе од „топџиите“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Надал и Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо