Утрински Весник
Македонија

Дерковски: Тековните резултати покажуваат мртва трка меѓу политичките ривали

Дерковски: Тековните резултати покажуваат мртва трка меѓу политичките ривали

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, на прес-конференција соопшти дека според тековните резултати со кои располага Комисијата, очигледна е мртвата трка меѓу политичките ривали.

На околу 70 отсто од обработените избирачки места СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ со еден процент разлика.

Претседателот на ДИК упати извинување до јавноста за нефункционалноста на интернет-страницата на Комисијата, велејќи дека според првичните информации станува збор за проблем предизвикан од надворешен напад.

Тој порача дека земјава имала добар изборен ден со фер атмосфера и покрај, тешката и комплицирана ситуација со епидемијата на коронавирусот.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три дена дожд, заладување и снег на планините

Искра Хаџи Василева доби најмногу гласови за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Неофицијално: Искра Хаџи Василева освои најмногу гласови за шеф на Обвинителството за организиран криминал