Утрински Весник
Свет

Трамп: Полицијата убива повеќе белци отколку Афроамериканци

Трамп: Полицијата убива повеќе белци отколку Афроамериканци

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го минимизираше полициското насилство врз Афроамериканците, велејќи дека полицајците убиваат повеќе белци.

Во интервју за „Си-би-ес њуз“, Трамп беше прашан зошто Афроамериканците и натаму умираат од рацете на полицијата.

„И белците, и белците исто така. Какво ужасно прашање. И белците исто. Повеќе белците“, одговори тој.

Полициското насилство врз Афроамериканците е во центарот на вниманието во Америка откако Џорџ Флојд почина на 25 мај за време на апсењето во Минеаполис, откако еден полицаец клекна на неговиот врат.

Смртта на Флојд доведе до протести низ САД и во светот.

Според анализата на „Вашингтон пост“, половина од луѓето убиени од полициските сили се белци, но смртта на Афроамериканците е непропорционална затоа што тие се помалку од 13 проценти од американското население.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран