Утрински Весник
Свет

Мицотакис: Европа треба заеднички да настапи против турската агресија

Чавушоглу за Аја Софија: Функцијата на објектот и не е толку важна, важно е да се сочува наследството
Dik 300x250 mk

Однесувањето на Турција по прашањето за Аја Софија е насочено против Европа, рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, јавија тамошните медиуми.

Тој додаде дека однесувањето на Турција е надвор од рамките на меѓународното право.

За време на заедничките изјави со кипарскиот претседател Никос Анастасијадес во Атина, Мицотакис рече дека турските провокации, кои ги има многу, не се насочени само кон овие две држави, Грција и Кипар, туку и кон Европа.

Тој потсети дека ваквото однесување доаѓа од земја која формално е кандидат за членство во ЕУ, додавајќи дека потребен е европски одговор по однос на тоа прашање.

„Турција ја потврди својата улога како локален провокатор и се заканува на стабилноста во целиот регион“, рече грчкиот премиер, додавајќи дека Грција и Кипар никогаш не отфрлиле дијалог со добра волја заснован врз принципите на меѓународното право, почитувањето на човековите права и добрососедските односи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

Се повеќе белгиски државни службеници отсуствуваат од работа поради стрес и премореност