Утрински Весник
Спорт

Клоп му го честитал пласманот во Чемпионшип

Клоп му го честитал пласманот во Чемпионшип

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп на напаѓачот на Викомб, Адебајо Акинфева, му го честитал пласманот во Чемпионшип дивизијата. Викомб Вондерерс прв пат во својата 133 годишна историја ќе играат во вториот ранг на англискиот фудбал.

Акинфева за кого велат дека е најсилниот фудбалер во светот, по мечот рекол дека единствена особа која може да му се јави да му го честита пласманот во Чемпионшип и да слави заедно со него е Јирген Клоп.

Германецот, кој сезонава стана шампион на Англија со Ливерпул му се обратил на Акинфева со .-порака на „WhattsApp“. Клоп во пораката му го честитал пласманот на Викомб во Чемпионшип на 38 годишниот напаѓач.

 



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Инфантино повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание