Утрински Весник
Македонија

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга.

Според информациите на МВР, И.Е.(36) е осомничен дека на 3 август, минатата година, ја усмртил жената со удари со тврд предмет во главата.

„Осомничениот, во куќа на ул.„Гарибалди“ во населба Шуто Оризари, во која живеел во вонбрачна заедница со Х.Б.(33) од Скопје, поради меѓусебно недоразбирање, физички ја нападнал и ја удирал со тврд предмет по главата, по што Х.Б. починала на местото“, соопштија од МВР.

После тоа, пријавениот И.Е. го завиткал телото во најлонски вреќи и ќебе и го оставил во атарот на село Горно Оризари, скопско, покрај патот кој води од населба Шуто Оризари кон Горно Оризари.

Телото било пронајдено два дена подоцна, на 05 август.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тошковски за убиството во Чаир: Еден од осомничените е лице кое издржува затворска казна

Новинарка побара одговор за цената на Дејвид Гета – Милошески: Дали ти изгледам како идиот?

Станот како дом или како капитал?