Утрински Весник
Македонија

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори против пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји во кои е забрането слетување на австриските аеродроми.

Со новиот указ, Министерството за здравство го прошири списокот од 8 на 18 земји.

Од четврток авионите од сите земји од Западен Балкан, но и од Бугарија, Романија, Молдавија и Египет веќе нема да можат да слетуваат на австриските аеродроми.

Претходно, веќе беше на сила забраната за летови од Белорусија, Кина, Велика Британија, Иран, Португалија, Русија, Шведска и Украина.

До крајот на јули ќе бидат откажани летовите до и од Скопје, Белград, Букурешт, Каиро, Подгорица, Сараево, Сибиу, Софија, Тирана и Варна.

Според уредбата, постојат исклучоци, но ова вклучува само „летови во интерес на Австрија“, како и слетување на товарни авиони, авиони што ги пренесуваат болните или ги враќаат австриските граѓани, како и превоз на здравствените работници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за награда на пожарникарите, нема пари за никој освен за функционерите

Левица ќе поднесе интерпелација за Антонио Милошоски

Кривична пријава за полицаец кој во двор пукал со службен пиштол