Утрински Весник
Македонија

Возач удрил во деветгодишен пешак во Тетово

Возач удрил во деветгодишен пешак во Тетово

Деветгодишно дете со тешки повреди било пренесено во болница откако во него удрил автомобил.

Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 17:20 часот на бул. Видое Смилески-Бато во Тетово, кога „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.М.(39) од Тетово, удрил во деветгодишен пешак од Скопје.

Детето со тешки телесни повреди било пренесено во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Трет ден продолжува  стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер

Работник тешко повреден при пад од зграда во Куманово