Утрински Весник
Македонија

Парични казни за непочитување на здравствените прописи во Скопје​

Парични казни за непочитување на здравствените прописи во Скопје​
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе осум предлози за издавање казнени налози против 13 лица кои не постапиле според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предложи на судот за секој од обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Додека полицискиот час бил во сила, тие се движеле низ градот, без да поседуваат дозвола за тоа.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот Рид“, во режија на Игор Алексов 

Во декември МВР регистрирала 18.318 сообраќајни прекршоци

СДСМ: Кујните на ВМРО прават дефокус од криминалните тендери!