Утрински Весник
Македонија

Петровска: Уверена сум дека ќе спроведеме фер и демократски избори

Петровска: Уверена сум дека ќе спроведеме фер и демократски избори

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска денеска имаше работна средба со раководството на СВР Охрид, на која главна тема беа претстојните парламентарни избори на 15 јули.

„Како министерство се соочуваме со нов предизвик, а тоа е организирање и спроведување на фер и демократски избори и јас сум уверена дека и оваа задача успешно ќе ја завршиме. Ве повикувам да го покажете својот личен и професионален интегритет и во постапувањето да се темелите на законски издадени наредби, притоа строго почитувајќи ги правилата на хиерархија и полициско постапување”, рече Петровска.

Раководството на СВР Охрид информираше дека нема индиции за нарушување на јавниот ред и мир и безбедноста и дека се направени сите подготовки за извршување на зголемениот обем на работа, дефинирани се контактите и координацијата со општинските изборни органи, навремено е извршена обука на полициските службеници за законските права и обврски за време на избори и дека ќе се преземат сите потребни активности за изборите да бидат фер и демократски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Петровска кон ВМРО-ДПМНЕ: Срам да ви е!

Петровска кон ВМРО-ДПМНЕ: Срам да ви е!

МВР ќе го испита секое прераспоредување на вработени по изборите до изборот на новите функционери