Денес автобусот „Оствари го сонот“ пристигна и на следната станица, пред Собранието. Место каде наскоро ќе биде избран првиот премиер Албанец. Денес завршува оваа енергична и мотивирачка изборна кампања. Во нашата кампања промовиравме одлична идеја и голем сон. Сонот за еднаквост, сонот за прв премиер Албанец на Северна Македонија, порача Зибери од пред Собранието на Македонија.
На неговото обраќање Зибери потенцираше дека “Заедно со 120-те одлични кандидати за пратенци на ДУИ, повеќе од 98 проценти од нив се млади и повеќе од 40 проценти жени, но и заедно со другите партии и воглавно заедно со граѓаните, на 15 јули ќе ја напишеме историјата.Тоа ќе биде датумот што ќе се памети како ден кога првиот премиер албанец на Северна Македонија ќе стане реалност,“, додоавајќи дека „пред само неколку недели, оваа одлична идеја беше само сон. Сега овој сон ќе го реализираме. Верувам во поддршката на илјадници граѓани што ги запознав кога патував низ целата земја, кога ги посетував не само градовите, туку и десетиците мали села. Со оваа одлична идеја, ги активиравме и мотивиравме граѓаните, и не само албанската заедница“.
„ Првиот премиер Албанец е многу повеќе од симбол на еднаквост. За мене оваа позиција е алатка за подобрување на животот на граѓаните. На сите граѓани; Албанци, Македонци, Турци, Босанци, Власи, Срби и Роми. Тоа е алатка за достигнување на подобар живот за луѓето, за секој од нас. Тоа е алатка за еднаква правда и еднаква застапеност. Тоа е алатка за повеќе работни места и подобри плати. За подобар живот и подобра иднина. Во првите 100 дена ќе ја зголемам минималната плата за медицинските сестри, наставници и воспитувачи на 600 евра. Ќе предложам социјални пензии за сите жени кои немаат право на работна пензија. Ќе имплементирам политика на нула даноци за граѓани до 35 години, доколку започнат со својата прва работа или го основаат својот прв бизнис. Ќе обезбедиме државни заеми од 20.000 евра за младите семејства да го купат својот прв дом и 20.000 евра државни грантови за млади земјоделци“ – истакна Зибери.
Зибери потоа се осврна и на работата на членовите на неговиот кабинет, потенцирајќи дека “Сите членови на мојот кабинет ќе поминат низ ветинг, како и сите политичари, судии, обвинители и државни службеници. Јас ќе ја заменам партиската држава со држава во кое владее правото. Ќе изградиме реформирана и модерна држава, подготвена за Европа и просперитетна иднина.
„ Ние сè уште имаме потреба од рамноправно општество. Иако, ние веќе постигнавме многу, сè уште не е доволно. Еднаквоста е повеќе од закони и договори, на еднаквоста и треба
дух. Точно на време, непосредно пред изборите, поранешниот премиер ја тргна маската и го покажа своето вистинско лице, неговото вистинско мислење за нас Албанците, дека не вредиме за 5 пари. Јас нема да одговорам на оваа навреда кон сите Албанци, но, ќе бидат албанските граѓани, тие кои што ќе го дадат својот јасен одговор, на гласачките ливчиња. Со нивното обединето гласање, ќе нè направат доволно силни, за да ја заземеме позицијата Премиер. Првиот премиер Албанец. А тоа е најдобриот одговор што можеме да му го дадеме на Заев. Затоа што вредите!“.
Тој продолжи кажувајќи дека “тоа е тоа што ги плаши двете македонски партии. Се плашат, затоа се во паника. Тие ќе го изгубат дуополот на моќта, а ние ќе го прекинеме нивниот режим, кој отсекогаш им служеше само на нивните партии, но никогаш на граѓаните и на земјата, затоа, не се само Албанците тие што ќе се обединат и гласаат 9 за премиер Албанец следната недела. Исто така тој додаде дека “од многу Македонци слушнав дека веќе се сити од СДСМ и ВМРО, дека СДСМ и ВМРО се во суштина исти. Да, како Премиер, ќе мора да формирам коалиција. Но, нашите услови се
повеќе од јасни. Покрај спроведувањето на мојата програма, постојат три црвени линии: Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија. Нема чекор назад, само напред кон целосната еднаквост и кон европска интеграција“.
На крајот од својот говор, Зибери ги повика сите македонски граѓани, кои се сити од слушање празни ветувања и доживеале 30 години политичка војна, овој пат да заземат став и да гласаат за број 9, за независен, неутрален премиер, за нова ера на политика и крај на владеењето на ВМРО и СДСМ.
„ Заедно, ќе создадеме земја во која луѓето живеат еднакви и каде што нашите деца ги имаат сите шанси да ја создадат иднината овде во Северна Македонија. Каде се родени и каде имаат свој дом, На овие избори одлуката е многу јасна: Или ќе го трошите вашиот глас и ќе го задржите македонскиот дуопол на власт, дозволувајќи им да продолжат да владеат и во иднина за своите интереси, или гласајте за бројот 9, за првиот премиер Албанец, за подобар живот за сите нас. Ајде да го оствариме сонот. Гласајте 9. А нашата крајна дестинација, на 15 јули, ќе биде зградата на Владата“ – заврши Зибери.