Утрински Весник
Магазин

Бруклин Бекам ѝ стави прстен на неговата девојка актерка

Бруклин Бекам ѝ стави прстен на неговата девојка актерка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бруклин Бекам, синот на Дејвид и Викторија Бекам, ја запросил својата девојка актерка Никола Пелц, објави „Дејли мирор“ додавајќи дека 21-годишниот фотограф им кажал на пријателите дека се вериле.

„Бруклин им кажува на своите пријатели во Лос Анџелес дека се свршиле. Оваа вест била споделена меѓу нивната група пријатели. Откриени се,“ инсајдер изјави за британскиот таблоид.

Втор извор близок на Бекамови додаде: „Дејвид и Викторија го дадоа својот благослов на оваа врска. Тоа е многу возбудливо време за целото семејство, и по неколку претходни лоши врски тие мислат дека Бруклин застана на сигурни нозе. ”

Во меѓувреме, Бруклин постојано ја искажува својата љубов кон Никола (25) на социјалните мрежи.

Тој неодамна објави серија фотографии од нив двајцата како трчаат низ поле на зајдисонце, и напиша: „Мојот убав ангел“, а претходно напиша дека секогаш ќе биде до неа и ја нарече негова „друга половина“.

Запрашан што највеќе му се допаѓа кај русокосата убавица која глуми во четвртиот филм „Трансформери“ Бруклин одговори: „Нејзиното неверојатно срце“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фондацијата Брижит Бардо ја продолжува мисијата на актерката

Најинтересните часовници за 2025 година: Смелиот дизајн и живописните бои го освојуваат пазарот

Гвинет Палтроу откри зошто одбила 18+ сцена со Итан Хо