Утрински Весник
Македонија

(Видео) Шекеринска: Македонските граѓани денеска се граѓани на светот, еднакви со најмоќните во НАТО и со отворено добредојде во ЕУ

(Видео) Шекеринска: Македонските граѓани денеска се граѓани на светот, еднакви со најмоќните во НАТО и со отворено добредојде во ЕУ

Зборуваат за достоинството наместо да ја наведнат главата и да се извинат зашто 11 години со сите сили го газеа достоинството на својот народ и држава. Зборуваат за достоинството тие кои 11 години владееја со страв и закани, тие кои ги искрадоа граѓаните а земјата ја изолираа, ја заглавија во омраза и ја претворија во жртва, порача Радмила Шекеринска.

„ Тие чиј лидер избега со парите на граѓаните а тие прават се за да го вратат неговиот начин на владеење – за да продолжат да заплашуваат и да се богатат на сметка на иднината на секој граѓанин.

За достоинство зборуваат тие што се пазареа за гласови со дозволи за дивоградби и со уништување на Охрид, тие што граѓаните ги понижуваа и принудуваа да гласаат за нив и да покажат доказ за тоа под уцена за работното место, тие кои што го фрлија на милост и немилост и крајбрежјето на Охрид, и Курбиново и Офицерскиот дом и се што е наше достоинствено автентично – под нозе. Тие кои власта ја сметаат за шанса за лична финансиска корист а народот за свој слуга.

Тие не заслужуваат втора шанса да го продолжат истото.

Граѓаните на Македонија денеска се граѓани на светот, еднакви со најмоќните во НАТО и со отворено добредојде во ЕУ, со зачуван идентитет и потврден и признат во светот македонски јазик. Од тоа поголемо достоинство нема. Граѓаните денеска се адресата каде што ги враќаме парите, не ги вложуваме во бели палати и стиропор.

Да ги оставиме ретроградните политики каде што им е местото – во минатото. Бидејќи тие само зборуваат а ние се погриживме и за природното и за културното наследство, и за езерото и за Курбиново, Офицерскиот дом и за јазикот. За нашиот автентичен македонски идентитет. За достоинството.

Почитувани граѓани, се изборивме за слободата заедно, ја поставивме земјата на вистинскиот пат. На 15 јули заокружете го бројот 3 да продолжиме заедно. Само заедно можеме напред. Да ја одржиме последната лекција заедно – режим никогаш повеќе во Македонија!“ истакна Шекеринска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Димитриевски: Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато, „Вреди“ собира евтини политички поени

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?