Утрински Весник
Македонија

Алијанса и Алтернатива го посетија кванташкиот пазар во Скопје

Алијанса и Алтернатива го посетија кванташкиот пазар во Скопје

Утрово коалицијата „Сега е време“ го посети кванташкиот пазар во Скопје, за да ги види одблизу условите за работа на веледрогериите на земјоделски производи, слушајќи ги нивните грижи за нивното пласирање на пазарот.

„Излеговме од таму длабоко разочарани од недостигот на државна поддршка за овие професионалци кои се дел на еден од клучните сектори во економијата на земјата“, велат од Коалицијата „Алијанса за Албанците и Алтернатива“ и нагласуваат дека ќе се посветат на спроведување на долгорочна визија за развој на земјоделството со идентификување на производствениот капацитет и потенцијал за производство на храна.

„Ќе обезбедиме правично и соодветно планирање на буџетот и ќе го зголемиме вработувањето и економската активност во земјоделскиот сектор, во агробизнисот и земјоделската обработка, шумарството, руралниот туризам, со цел зголемување на локалното производство и способност за експортирање на високо квалитетни прехранбени производи“, нагласија од Коалицијата.

На оваа средба беше истакнато дека сега е време за соодветен третман на трговците, додека трговците беа информирани за мерките што АА – ААА ќе ги преземе во овој поглед.

Отворање на локални канцеларии на Министерството за земјоделство во руралните општини за услуга поблиску до потребите на земјоделците, отворање на агро-канцеларии, кои ќе обезбедат услуги за обука на земјоделците, истражување на пазарот на земјоделски производи и помош на земјоделците за апликација на ИПАРД фондовите и локалните фондови, инвестирање во инфраструктура за поддршка на земјоделски активности, што ќе вклучува градење на капацитети, создавање места за собирање и складишта за складирање на производи, намалување на ДДВ на семе, пестициди и ѓубрива што се користат е во земјоделството се дел од овие мерки кои ги ветува коалицијата АА-ААА на власт.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Димитриевски: Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато, „Вреди“ собира евтини политички поени

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?