Утрински Весник
Македонија
Img 7972

(Видео) Чулев: Граѓаните да не подлегнуваат на притисоци

(Видео) Чулев: Граѓаните да не подлегнуваат на притисоци
300x250 opst2

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, од Струмица упати порака до граѓаните да не подлегнуваат на притисоци на бизнис структурите.

„Граѓаните да не подлегнуваат на притисоци на бизнис структурите, да не подлегнуваат евентуално на притисоци од полициски службеници, кои ќе бидат инволвирани во изборни нерегуларности. Избирачкото право да да си го остварат согласно нивните симпатии спрема одредена политичка опција, за која што сметат дека најмногу би ги задоволила нивните барања и сите оние неругуларности, притисоци, закани и уцени доколку им се вршат да ги пријават до МВР со цел најстрого санкционирање. Им укажав и на полициските службеници и на граѓаните им укажувам дека казните предвидени во Кривичниот законик за кривично дело поврзано со изборни нерегуларности е многу висока и таа е до десет години“, изјави Чулев.

Тој апелираше до полицијата да ги преземат сите мерки и активности за превенција на евентуални изборни нерегуларности, но и најстрого да ги санкционираат сите прекршители, односно оние граѓани кои ќе се инволвираат во било какви ситуации на поткуп, закани, уцени или било какви изборни нерегуларности, со што ќе го нарушат избирачкиот процес.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче од Центар: нема да влегувам во калта, ќе го разобличувам Мицкоски

Сообраќајот на патниот правец Велес-Тетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ќе дува силен северен ветер (над 65 км/час)