Утрински Весник
Македонија

Заев и Филипче го посетија Иван, на кој му беше трансплантирано срце

Заев и Филипче го посетија Иван, на кој му беше трансплантирано срце

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче, утрово беа во посета на пациентот Иван, на кој му беше трансплантирано срце.

Иван е во добра здравствена состојба и тој денеска заминува од Клиниката за Државна кардиохирургија на домашно лекување.

На 23 мај оваа година, за првпат во земјава се изведе трансплантација на срце. Операцијата траеше 6 часа. Претседателот Заев му посака добро здравје истакнувајќи дека Иван е храбар човек.

„Ви посакувам добро здравје, вие сте храбар човек и имаме златни луѓе, здравствени работници кои се грижат максимално за нашите пациенти. Вие сте нашата гордост. Имаме вредни и учени здравствени работници. Правиме сѐ да им ги подобриме условите и да ги задржиме нашите лекари во јавното здравство. Нема повредна работа од еден спасен човечки живот“, рече Заев.

Осврнувајќи се на досегашните достигнувања, претседателот на СДСМ истакна дека во изминатите три години ги подобриле условите во над 30 јавно здравствени установи и инвестирале во набавка на нова, современа медицинска опрема.

„Ги зголемивме и платите на лекарите специјалисти, на медицинските сестри, но и на помошно-техничкиот персонал во здравството. Со тоа, го подигнавме нивото на здравствената заштита за пациентите и овозможивме подобри услови за работа за нашите здравствените работници“, истакна Заев и додаде дека во следниот мандат обезбедуваме уште повеќе инвестиции во здравството, за уште подобар здравствен систем.

„Ова е огромен успех за македонското јавно здравство. Со оваа интервенција испишавме историја во кардиохирургијата. Од срце се заблагодарувам на целото семејство на донорот Емилија Динева за алтруизмот и хуманоста ја ни ја покажаа на дело. Ни покажаа дека човекољубието е над сѐ. Горд сум на целиот медицински тим кој работеше на оваа операција. Покажавме дека знаеме и можеме. Направивме вистински пресврт во здравството. Срцето на Емилија сѐ уште чука, а екипата продолжува да се грижи максимално и понатаму за Иван“, потенцираше Филипче.

Пациентот Иван кој доби орган беше избран од Националната листа за чекање за срце според медицински утврдени критериуми за совпаѓање кои ги изготви и со кои раководи Министерството за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!