Утрински Весник
Македонија

Стојаноска: По 15 јули се обврзуваме на проекти во културата и дигитализација на културното наследство

Стојаноска: По 15 јули се обврзуваме на проекти во културата и дигитализација на културното наследство

Носителката на изборна единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Дафина Стојаноска денеска заедно со кандидатот за пратеник од Гостивар, Фуркан Чако ја посетија познатата куќа на Чаковци во Гостивар.

„ Претпладнево заедно со кандидатот за пратеник од Гостивар, Фуркан Чако ја посетивме познатата куќа на Чаковци во Гостивар. Оваа прилика сакам да ја искористам и да ги пренесам реакциите на моите сограѓани турци кои што деновиве ми се пожалија на тоа дека нивните роднини од гурбет како и нивните луѓе кои што треба да отпатуваат во странство заради работа не можат тоа да го сторат поради хаосот кој што владее во министерството за надворешни работи. Дури има случај едни да тргнат на пат и од половина пат да бидат вратени, токму затоа моите сограѓани не се задоволни од оваа власт бидејќи не успеа да се справи со короната односно со здравството како и со економијата и со дипломатијата“, нагласи Стојаноска.

Стојаноска дададе дека додека другите партии условуват се закануваат или излегуваат со препакувани работи во предизборието ВМРО-ДПМНЕ во програмата Обнова се обврзува на мерки и проекти кои што ќе важат подеднакво за сите без разлика на партиска или етничка припадност.

„ И додека едни партии сега излегуваат со исти препакувани лаги додека други партии се закануваат со војни или даваат си некакви предизборни услови ВМРО- ДПМНЕ во програмата Обнова се обврзува на мерки и проекти кои што ќе важат подеднакво за сите, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова за сите без разлика на партиска или етничка припадност“, кажа Стојаноска.

Стојаноска истакна дека по 15-ти јули се обврзува на поттикнување и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Македонија, како и континуирана заштита и валоризација на материјалоното културно наследство и дигитализација на културното наследство.

Носителката на изборна единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Стојаноска ги повика граѓаните на 15-ти јули да гласаат за бројот 14 за обнова и повеќе за секого.
Затоа на 15-ти јули бројот 14 е избор за повеќе за секого, избор за обнова избор за исправена Македонија-заклучи Стојаноска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност