Утрински Весник
Македонија

Заев на средба со пензионери во Кисела Вода: Пензиите ќе растат уште повеќе

Заев на средба со пензионери во Кисела Вода: Пензиите ќе растат уште повеќе
Img 5587

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со носителката на кандидатската листа во изборната единица 1, Мила Царовска денеска се сретна со пензионери од Општина Кисела Вода.

Во разговорите тој истакна дека за три години Владата предводена од СДСМ покажа целосна грижа за највозрасните граѓани, а преку чесните и одговорни политики на СДСМ, пензиите пораснаа за речиси 1.800 денари и просечната пензија денес изнесува 15.500 денари.

Ss1

Тоа, додаде тој, е мотив да продолжиме со уште поголема и подобра грижа за пензионерите во следните 4 години.

„ Денес, пензискиот фонд е стабилен, загарантирани се пензиите на сегашните но и на идните пензионери. И во следните 4 години пензиите ќе продолжат да растат. До 2021 година најниските пензии ќе пораснат за најмалку 21 отсто, а минималната пензија ќе изнесува 10.700 денари“, посочи Заев, повикувајќи ги граѓаните да излезат на 15 јули и на безбедно гласање да заокружат број три за да продолжи напредокот и да не ризикуваат преку негласање да се врати режимот кој само земаше пари од граѓаните.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра