Утрински Весник
Македонија

ДУИ бара да гласаат и лицата кои ќе добијат решение за самоизолација и после 8 јули

ДУИ бара да гласаат и лицата кои ќе добијат решение за самоизолација и после 8 јули
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

ДУИ бара Уставниот суд да ја суспендира уредбата на Владата според која право на глас ќе имаат само лицата кои ќе добијат решение за самоизолација до 8 јули.

„Само денеска имаме 205 нови случаи, помножете го со бројот на контактите, тоа е можна бројка од 2.000 граѓани на кои само денеска ќе им се негира правото на глас. Ако тоа го помножиме со деновите до избори, тоа значи дека околу 10.000 ќе немаат право на глас“, изјави Бујар Османи.

Затоа, додаде тој, како политичка партија упатуваме апел до Уставен суд да закаже вонредна седница за да донесе времена мерка за да се суспендира уредбата со која се ограничува регистрацијата на луѓето кои се во изолација само до 8 јули да имаат право на глас.

„И со одлука на ДИК или со одлука на Комисијата за заразни болести да им се овозможи во меѓувреме на лицата кои се во самоизолација да направат тест и доколку имаат негативен резултат да може во среда да гласаат за да им се овозможи на сите граѓани правото на глас, за утре никој да не го спори легитимитетот на изборниот процес“, рече Османи.

Според уредбата на Владата, лицата кои ќе добијат позитивен тест за Ковид-19 и ќе им биде дадено решение за самоизолација од 8 до 13 јули нема да може да се пријават и да гласаат на парламентарните избори на 15 јули.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силјановска-Давкова дома, а каде другите македонски политичарки ќе ја пречекаат новата година?

Калајџиев: Ако е празен буџетот, да ви дадам на заем?!

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран