Утрински Весник
Македонија

Сопственик на продавница ветувал на купувачи дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница ветувал на купувачи дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ
Dik 300x250 mk

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица, ако на изборите гласаат за СДСМ, објави министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

„По добиени оперативни информации дека лицето Д. А. од Штип поседува патни исправи и лични карти од повеќе непознати лица од ромска националност кои биле држени како залог за настанат долг во неговата прехранбена продавница, а кој долг наводно би им бил подмирен доколку истите на денот на изборите гласаат за политичката партија СДСМ, побарана и добиена е наредба за претрес на дом и други простории кај конкретното лице со цел обезбедување на материјални докази и целосно документирање на настанот. При извршениот претрес во прехранбената продавница на лицето биле пронајдени четири тетратки во А4 формат во кои имало список со имиња, 69 биометриски лични карти, 18 биометриски патни исправи, 18 стари патни исправи, шест стари лични карти, една дозвола за престој и една здравствена легитимација, за кои постои основано сомневање дека се предмет на кривично дело Поткуп при избори и гласање“, објави Чулев на „Фејсбук“.

Пронајдените предмети се одземени, а во просториите на СВР Штип со Д.А. извршен е разговор во однос на околностите поврзани со пронајдените предмети.

Чулев апелира до граѓаните да ја пријават секоја активности со која се крши или попречува нивното избирачко право.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

Зајкова бара итни законски измени: Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија

Се бара притвор за разбојник од Маџари