Утрински Весник
Култура

Oнлајн промоција на книгатa „Парадоксикон“ од Томислав Османли

Oнлајн промоција на книгатa „Парадоксикон“ од Томислав Османли

Утре на пладне во паркот пред Културно-информативниот центар во Скопје ќе се одржи онлајн промоција на најновата прозна книга „Парадоксикон“ од Томислав Османли. Книгата која до сега го сврте вниманието на книжевната јавност ќе ја промовира проф. д-р Кристина Николовска.

Книгата што го носи необичниот наслов „Парадоксикон“, со поднаслов „фантазии, очудувања, капричо, фарси и гротески, парадокси во проза“ е најновата, дваесет и осма по ред објава на писателот Томислав Османли. Нејзините дванаесет, главно долги, прози се фокусирани на современата отуѓена стварност. „Парадоксикон“ на Османли е појавува како четиво со книжевно впечатливи критички набои.

„Авторот на ‘Парадоксикон’ ги открива гротескните и фантастични суштини на современото секојдневие соголувајќи ги актуелните начини на отуѓување, – вели писателот и издавач Глигор Стојковски – Османли живописно, комично и едновремено горчливо говори за деперсонализацијата, егоизмот, сексизмот, меркантилноста, профитерството, социопатијата, консумеризмот…поконкретно – за парцијализираното, некомплетно, осиромашено, напати и крајно извитоперено, тажно „човекување“ на индивидуата во современото пред сè наше, но и универзално општество.

Промоцијата во КИЦ ќе биде проследена со музичка изведба на познатиот пијанист Глигор Гелебешев, а програмата ќе ја води Марија Богоеска. Свое обраќање ќе има и авторот Томислав Османли. Инаку, настанот ќе се пренесува по пат на лајвстрим  на фејсбук-страницата на КИЦ-Скопје https://kic.mk/.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“