Утрински Весник
Спорт

По два ипол месеци Динамо го избрка тренерот, бараат нов за ЛШ

По два ипол месеци Динамо го избрка тренерот, бараат нов за ЛШ
Img 5587

Иако убедливо, уште пред одредено време Динамо Загреб ја освои титулата во Хрватска, сепак клубот се наоѓа во криза. Потврда за тоа доаѓа по последната одлука на Управата на „модрите“ да му врачи отказ на тренерот на екипата, Игор Јовиќевиќ.

Тој на кормилото на еден од најдобрите клубови на Балканот беше само два ипол месеци, откако го наследи Немања Бјелица.

Img 5587

Минатиот викенд Динамо загуби со 2-0 од Ријека што ја прели чашата кај Управата на екипата. Загрепчани во последните 6 меча имаат 2 порази и 2 нерешени.

„Жал ни е поради ваквиот развој на настаните, но мораме да покажеме оговорност во овие тешки времиња. Во име на клубот му се заблагодаруваме на Игор за големите резултати што ги постигна со нашата јуниорска екипа. Вратата на Динамо секогаш ќе му биде отворена“ – порача спортскиот директор, Зоран Мамиќ.

Јовиќевиќ рече дека имал најдобри намери, благодарејќи на довербата.

Екипата чиј предводник е македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми сега е во потрага по нов стратег за новите предизвици во Лигата на шампионите.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари