Утрински Весник
Спорт

Баерн „несакајќи“ го потврди трансферот на Сане

Баерн „несакајќи“ го потврди трансферот на Сане

Иако Баерн Минхен официјално уште не го потврди трансферот на Лирој Сане од Манчестер сити, вечерва „мешаницата“ со арапската верзија на нивниот Твитер профил, јасно покажа дека Германецот е нов фудбалер на клубот.

Според „Билд“, Твитер профилот на арапски јазик на Баерн, „несакајќи“ ги објавил фотографиите од потпишувањето на договорот предвреме, а откако бргу го избришале твитот, нормално фотографиите се рашириле преку Интернет.

Се верува дека Сане потпишал петгодишен договор со Баерн, а дека Баварците платиле околу 60 милиони евра за него.

> Баерн „несакајќи“ го потврди трансферот на Сане <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Алонсо доби отказ во Реал Мадрид

Манчестер јунајтед елиминиран од Брајтон во ФА Купот

Андреа Бочели ќе настапи на церемонијата на отворање на ЗОИ 2026