Утрински Весник
Спорт

Аталанта „гази“ – нова жртва беше Наполи

Аталанта „гази“ – нова жртва беше Наполи (видео)

 

Аталанта ја забележа и четвртата победа во четири меча во Серија А по рестартот на лигата, откако во Бергамо со 2:0 ги „соборија“ Наполи за да се зацврстат на четвртото место на табелата (кое води во ЛШ) со дури 12 поени пред Рома.

Мечот не започна најдобро за Наполи, кои го загубија голманот Давид Оспина со незгодна повреа на главата, по што тој доби долг медицински третман пред да биде изнесен на носилки.

Марио Пашалиќ, фудбалерот кој неодамна доби постојан договор од Аталанта, во 47. минута по 15-тата асистенција оваа сезона на капитенот Папу Гомез успеа да ги донесе домаќините во водство, за Робин Госенс само девет минути подоцна да го совлада Алекс Мерет за 2:0.

Со победата, Аталанта има 60 поени, четири помалку од третопласираниот Интер и дури 12 пред Рома кои вечерва ги очекуваат Удинезе. Наполи остануваат шести со 45 поени.

> Аталанта „гази“ – нова жртва беше Наполи (.) <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1