Утрински Весник
Свет

Коронавирусот повторно се разгорува во Австрија

Коронавирусот повторно се разгорува во Австрија

Во Австрија во изминатите 24 часа е забележано драматично зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус, кој повторно достигна трицифрен број, за првпат од средината на април.

Според Министерството за здравство, бројот на новозаразени лица се зголемил во однос на вчерашниот ден, за 107 случаи.

Најголем број на новозаразени е регистриран во провинцијата Горна Австрија со дури 61 случаи.
На второто место е Виена со 24, по што следуваат Штаерска со 9, Долна Австрија со 7, Тирол со 3, Салцбург со 2 и Бургенланд со 1.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Австрија позитивно се тестирале 17.778 лица, од кои 16.491 се излечиле.

Во моментов, хоспитализирани се 74 пациенти со Ковид-19, од кои девет се на интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата тестирани се вкупно 620.866 лица.

Текстот Коронавирусот повторно се разгорува во Австрија е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ го започнува процесот на проширување по 12 години: Црна Гора направи голем чекор кон членството

Трамп: Нов круг преговори меѓу САД и Иран можен во рок од три дена

Земјотрес со јачина од 4,3 степени во Турција