Утрински Весник
Спорт

„Ѓаволска“ партија на Фернандеш кај Брајтон (видео)

„Ѓаволска“ партија на Фернандеш кај Брајтон (видео)

Новиот тандем Фернандеш – Погба во Манчестер Јунајтед носи резултат. Вечерва „ѓаволите“ ги собраа трите бода кај Брајтон, а притоа испорачаа три гола во противничката мрежа, 0-3 во рамки на 32 коло во Премиерлигата.

Пулените на менаџерот Солскјер имаа поголем процент во поседот на топката, упатија 4 гола во рамките на голот на Брајтон, а три завршија во мрежата.

Гринвуд, по асистеција на Ван Бисака погоди уште во 16 минута за 0-1.

На вториот гол на „ѓаволите“ се чекаше до 29 минута кога Португалецот Бруно Фернандеш по асистенцијата на Погба успеа да го најде патот до мрежата.

Во вториот дел иста слика на теренот. Јунајтед го контролираше мечот, па повторно Фернандеш биеше прецизно. Се играше 50 минута кога погоди по додавањето на Гринвуд.

Со овие три бода Јунајтед се искачи на петтата позиција на табелата во ПЛ, со само два бода помалку од Челси кој е четврти.

Текстот „Ѓаволска“ партија на Фернандеш кај Брајтон (видео) е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо