Утрински Весник
Спорт

Мерцедес ги смени боите на болидот по разговор со Хамилтон

Mercedesf1 780x422 678x381

 

Бракли, 30 јуни 2020 (МИА) – Вчера Мерцедес претстави нов дизајн на автомобилот, со кој ќе се борат за титулата оваа сезона. Со тоа, тимот ќе застане уште поцврсто против расизмот и започнува ново поглавје во својата историја, бидејќи „Сребрените стрели“ со години се сребрени и промената за нив е дефинитивно голема.

Во срцето на овој смел потег е нивниот пилот Луис Хамилтон, кој е отворен поддржувач на движењето „Black Lives Matter“. Учествува во протестите, активно ги користи своите социјални канали за да го изнесе својот став и смело ги критикува сите што молчат за ова прашање.

Шесткратниот светски шампион го покрена ова прашање пред еден месец и разговараше со тимскиот шеф Тото Волф. Тој вчера пред медиумите во Виена изјави дека Хамилтон побарал од тимот да даде поголема поддршка на каузата и да направи повеќе отколку само да објавува постови на социјалните медиуми.

Вака се појави идејата за промена на бојата, што денес гледаме дека е реализирано. Пораката „крај на расизмот“ и ознаката #WeRaceAsOne на Формула 1, која ја поддржува иницијативата за разновидност, се напишани на автомобилот.

Опремата на Луис Хамилтон и Валтери Ботас исто така стана црна.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига