Утрински Весник
Македонија

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје постави нов апарат за плаќање сметки

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје постави нов апарат за плаќање сметки

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје во соработка со ланецот на маркети Тинекс, денеска постави апарат за плаќање на сметки во СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ на улица „Перо Наков“ бр.108.

– Ова е уште еден чекор со кој „Водовод и канализација“ – Скопје како јавно претпријатие ја зголемува достапноста на своите услуги до своите корисници. По воведување на мобилната апликација достапна за Andorid и iOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на сметките отсега се достапни и преку апаратите за наплата кои освен во СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, се поставени уште на две локации – во Дирекцијата на претпријатието и во новото Одделение за грижа на корисниците во ЈП „Комунална Хигиена“ – Скопје, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.

Користејќи ги апаратите за наплата, корисниците имаат можност за преглед на фактурите и нивна наплата со користење на Мастер и Виза картичките од сите банки. мс/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово