Прилеп, 29 јуни 2020 (МИА) – Пречистителната станица во Прилеп, една од најголемите во земјава, не е опасност за средината. Повеќе од година функционира без проблеми и ги пречистува отпадните води, вели директорот на прилепското јавно претпријатие „Водовод и канализација, Емил Јанески.
Тој категорично ги отфрла и ги нарекува клевети одвинувањата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ дека Пречистителната станица работи со една пумпа, испушта тиња и фекалии и е опасност за околината.
Според Дејан Проданоски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ добиле фотографии и снимка од граѓани дека се испушта тиња.
Граѓани до општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ доставија фотографии и видео материјал, на кој се гледа дека наместо пречистена вода, од станицата излегуваат фекалии и одново се слеваат во водите на Градската река.
Јанески образложува дека дискутабилно е кога се направени снимките и објаснува дека Станицата има 84 пумпи и се подготвени за секаков вид контрола.
-Пречистителната станица воопшто не е опасност од загадување. Инаку, тиња може да излезе од Станицата само во услови на огромни поројни дождови, такви немаше во минатиов период, а за што имаме дозвола за испуштање на водата преку „бај-пас“ за да не се задуши функционирањето на Комплексот. Второ, тиња може да се случи во услови кога секундарните таложници се полн, па се до оној момент кога вишокот на тиња треба да се врати назад во Био-реакторот. Но тоа е процес од неколку минути додека се завртат вентилите кога ќе се забележи дека има вишок на тиња кој не пошол во во Метан-танкот за производство на гас. Станицата една и пол година ја извршува својата работа за пречистување на отпадните води и функционира беспрекорно. Станицата континуирано испушта технички исправна вода. Подготвени сме за секаков вид контрола. Во пречистителната станица функционираат 84 пумпи, од кои 63 „вило“ пумпи, 4 „архимедови“ пумпи и 17 „сипекс“ пумпи. Инаку, не знаеме кога се направени снимките и фотографиите. Можеби се од периодот на тестирањето пред да биде пуштена Пречистителната станица. И, да е така, за 20-ина секунди не може да има загадување, објаснува Јанески.
Јанески додава дека има две пумпи во „Метан-тенкот“ на кои им е потребно сервисирање, но тие не влијаат на пречистувањето, туку на производството на гас.
-Лаички слушнале дека има проблем со две од пумпите во Метан-танкот. Тие се под гаранција и чекаме бугарскиот изведувач да дојде и да ги сервисира. Се правдаат со корона вирусот, но доколку не дојде, пумпите ќе ги сервисира јавното претпријатие и ќе го тужи изведувачот. Но тоа не прави проблеми во пречистувањето, туку го намалува производството на гас, а нам ни создава поголеми трошоци, вели Јанески.
Пречистителната станица, вредна преку 23 милиона евра, 85 насто е градена со пари од ЕУ. Според јанески,поради доцнењето со изградбата, државата морала да доплати 6,5 милона евра, па, смета, има оштетување на буџетот за што треба да се занимава обвинителството. За ВМРО-ДПМНЕ, пак, потребна е инспекциска контрола од Министерствоот за животна средина и да биде информирана делегацијата на ЕК во земјава. ем/нд/