Утрински Весник
Македонија

Николовски од Катланово: Обезбедуваме нова македонска економија

Николовски од Катланово: Обезбедуваме нова македонска економија

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Зголемување и поврат на пари кај граѓаните од ДДВ, од 600 на 800 денари, повисоки плати и нови работни места се дел од проектите кои денеска на средба со граѓаните на Катланово ги претстави Љупчо Николовски, носител на кандидатската листа на СДСм и Коалицијата „Можеме“ ИЕ 3.
– Носиме нова македонска развојна економија, која ги штити работниците и носи повисоки плати и нови работни места. Го зголемуваме и повратот на пари кај граѓаните од ДДВ, од 600 на 800 денари. Заедно со сите вас, ја спречуваме сивата економија, рече Николовски.
Николовски најави дека имаат план за уште повисока минимална плата до 20.000 денари, и просечна плата до 34.000 денари, но и зголемување и на пензиите.
Тој рече дека до крајот на мандатот ќе ја вратат нашата економија на солиден и одржлив раст од 4 проценти.
Николовски потенцира дека сакаат безбедност и сигурна држава која живее во мир или сакаат обнова.
– Обнова на режимот, обнова на притисоците, обнова на нарачаните инспекции, обнова на списоците. На 15 јули одиме на нова победа, на нови успеси. Затоа што знаеме како, затоа што заедно можеме, рече Николовски.
Тој се осврна и на проектите кои досега се реализирани од страна на СДСМ.
– Минималната плата ја зголемивме од 9.000 денари на 14.500 денари. Просечната плата исто така постојано расте. Расте и социјалната помош и тоа за неверојатни 300 отсто. Тоа се реални пари, тоа е реално подобар живот за сите. Не се фрлаат пари за лажни фасади, за врби, за сметки на Белизе.

фф/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани