Утрински Весник
Македонија

Стојаноска: Нема да ги порекнеме АСНОМ и хероите на македонската историја

Стојаноска: Нема да ги порекнеме АСНОМ и хероите на македонската историја

Гостивар, 29 јуни 2020 (МИА) –  Носителот на листата на коалицијата „Обнова на Македонија“ во шестата Изборна единица, Дафина Стојаноска денеска во рамки на предзиборните активности положи цвеќе на споменикот на народниот херој Чеде Филипоски-Даме во Гостивар и се осврна на важноста на македонската историја во периодот на НОБ и АСНОМ.

– Чеде Филипоски Даме со само 22 години се запиша во македонската историја со златни букви. Денес, ние од пред неговиот споменик се обврзуваме дека АСНОМ, македонската историја и нејзините херои никогаш нема да ги заборавиме ниту порекнеме, рече Стојаноска во обраќањето.

Таа во рамки на предизборната кампања денеска ќе се обрати и на митинзите на коалицијата „Обнова на Македонија“ во општините Јегуновце и Брвеница, а во вечерните часови ќе оствари средби со граѓаните низ неколку гостиварски населби. згм/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

ДУИ: Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции

80 дена по трагедијата, Владата ги повика засегнатите од Кочани да се јавеле во кабинетот на премиерот