Утрински Весник
Економија

УЈП го постави барањето за субвенционирање придонеси за вработени во медиумите

УЈП ги почнува контролите на физичките и правните лица поврзани со „Рекет“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Управата за јавни приоди го постави барањето за субвенциоирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за медиуми.

Од УЈП појаснуваат дека работодавачот – медиум за искористување на ова право треба да поднесе образец БС-ПЗСОM до Управата за јавни приходи преку системот е-Даноци, при што  Управата за јавни приходи, во рок од пет дена од денот на доставувањето, ја потврдува комплетноста на барањето. На работодавачот – медиум за секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се субвенционира 100 отсто од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување.

Начинот на пополнување на Барањето за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување  за вработени во медиуми – образец БС-ПЗСОМ е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување.

Согласно  Уредбата со Законска сила за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми работодавач-медиум може да ја користи мерката субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со COVID -19 за времетраење на вонредната состојба, за  месеците јуни , јули и август 2020.скс/лв/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра