Утрински Весник
Македонија

Филипче: Немам партиска агенда, целосно сум посветен на коронакризата

Филипче: Немам партиска агенда, целосно сум посветен на коронакризата

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема партиска агенда за изборната кампања и дека е целосно посветен на справувањето со коронакризата. Вчера во Штип ја промовирал Програмата за избори пред граѓаните зашто бил дел од тимот на СДСМ што ја креирал.

Активностите како вчерашната, Филипче, како што напомена, ги врши надвор од работно време.

-Не, апсолутно сакам да кажам дека немам партиска агенда за оваа кампања за изборите. Вчера бев во Штип и таму се промовираше Програмата за избори. Меѓутоа, јас таа Програма ја пишав заедно со тимот и сметам дека е најсоодветно јас да ја претставам пред граѓаните. Во таа смисла и видеото, а сите овие активности ги правам надвор од работно време, сé заради тоа што, сепак, навистина многу инвестиравме и направивме во здравствениот систем. Сметам дека и на здравствените работници им значи да видат како ова политичка опција досега со многу внимание и огромни инвестиции ги зголеми платите, бројот на јавно-здравствените установи, ја зголеми пристапноста до лекови, квотите, партиципацијата,… Но, апсолутно сакам да кажам дека целосно сум посветен на решавање на проблемот во врска со коронакризата, немам партиска агенда, немам средба ни со граѓани, ниту работам на терен. Овој мал дел од времето беше посветено само за оваа цел, истакна Филипче, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Институтот за белодробни заболувања – Козле. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор