Утрински Весник
Македонија

Предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт во Кичево

Предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт во Кичево

Кичево, 28 јуни 2020 (МИА) – Во Кичево попладнево престојуваше предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт, заедно со промоторот и лидер Петар Богојески , на градскиот плоштад беше и носителот на изборната листа на оваа политичка платформа за изборната единица број пет Стево Насковски, како и други членови и активисти.

-Во новата политичка платформа Македонски концепт препознавам шанса конечно да изградиме нормална и модерна држава и да ставиме крај на долгиот и уништувачки посткомунистички транзициски период на политичка безидејност. Концептот е уникатен, модерен и прогресивен, базиран на современите западни демократии, мотивирачки и дава шанса на сите наши професионално реализирани сограѓани без разлика на политичка определеност, да се вклучиме и дадеме безрезервна поддршка и придонес за нашата татковина .Нашата политика е заснована врз јазикот на толерантноста и просперитетот на сите, рече Петар Богојевски.рз/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на ЕУ за реформите и јакнењето на капацитетите на МВР

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа Договор за стратешка соработка меѓу двете земји

Лукаревска: Новата фискална стратегија не нуди системски реформи, туку должничко ропство