Утрински Весник
Македонија

Силјаноска Давкова: Повеќе зеленило и преполовување на аерозагадувањето

Силјаноска Давкова: Повеќе зеленило и преполовување на аерозагадувањето

Скопје, 28 јуни 2020 (МИА) – Носителката на изборна единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ Гордана Силјаноска – Давкова денеска на средби со граѓани во Скопје во Градскиот парк истакна дека програмата „Обнова на Македонија“ предвидува мерки за поголемо зеленило во урбаните места за живеење и намалување на аерозагадувањето.

-Во обновата оние кои ја читале забележале еден проект кој таму е наречен „Урбана шума“, јас го нарекувам „Скопска шума“ или вардарска шума во кој се планира крај брегот на Вардар да никнат насади заради прочитување на воздухот, рече Силјаноска – Давкова.

Посочи дека Македонија има огромен потенцијал како во делот на културниот туризам и производство на здрава храна така и во спроведување на ветените проекти за 30% зеленило во секоја општина за што се обврзува ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ со своите проекти.

-Си ја замислувам Македонија а тоа веќе и минатата година го кажав како земја која може да живее од култура, од културен туризам но и која може да живее од здрава храна. Затоа мислам дека идејата за зелени обврзници за 30% во секоја општина зеленило за контрола на бучавата е одлична идеја, додаде Силјаноска.

Во програмата, кажа Силјаноска, има огромен број на иновативни проекти и посебно во делот на заштита на животната средина и дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ сериозно се обврзува и за намалување на загаденоста на воздухот кој е горлив проблем на граѓаните на урбаните места на живеење.

-Се разбира во програмата има и дел за зелени хотели. Можеби велам ако се научиме да живееме во хармонија со природата, да живееме во хармонија со духовното што сме го наследиле и да го негуваме. Ќе направиме од Македонија пристојно место за живеење, рече Силјаноска – Давкова.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Македонски туристи во кошмар: Автобусот од Истанбул постојано чади, сите се молат да стигнат живи