Утрински Весник
Македонија

Македонски концепт од Охрид најави проект за заштита на историското и културното наследство

Македонски концепт од Охрид најави проект за заштита на историското и културното наследство

Охрид, 28 јуни 2020 (МИА) – Македонскиот туристички бисер Охрид е најдоброто место за промоција на проектот на Македонски концепт за заштита на историското и културното наследство, како на градот така и во државата. Тоа денеска од Охрид го порача лидерот на партијата, Петар Богојески, кој истакна дека „Македонски концепт“ тоа ќе го изведе и реализира на начин поразличен од она што, како што рече, досега го правеле бандитите од претходните власти изминатите 30 години.

– Историското и културното наследство во земјата ќе го заштитиме вистински на начин како што налагаат европските стандарди. Устите ни се полни со ЕУ, а немаме ниту ронка од нашата одговорност и минимум европско поведение за тоа како треба да се однесуваме кон наследството. Нашиот проект за заштита на историјата ќе биде суштински за отпочнување вистинска ренесанса за презентација на македонското културно и историско богатство пред светот, рече Богојески.

Тој истакна дека туризмот после земјоделството треба да биде втората суштинска гранка за развој на стопанството во земјата.

– Охридскиот регион преку туризмот може да го храни македонското образование и здравство. Да имаме достоинствено здравство, претходно треба да создадеме достинствен туризам, рече тој.

Носителот на Изборната листа на Македонски концепт за 5 ИЕ, Стево Наскоски, ги повика охриѓани да ја искористат „последната шанса“ за решавање на проблемите во градот, но и поширокиот регион на Охридското Езеро.

– Ние нудиме шанса за комплетирање на заштита на езерото од отпадни води, преку прочистетлни станици на деловите на езерото што не се поврзани со Колекторот. Тука е и проектот „Охрид град музеј“ за конзервирање и реновирање на објекти од културно изториско значење во градот со средства од државата. „Македонски концепт“ нуди промени и последна шанса за Охрид, Струга и Македонија, рече тој. аб/aa/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот