Утрински Весник
Македонија

Филипче најави нормализирање на работата на болниците во земјава

Филипче: Со отворање на границите и аеродромите нема да се зголеми бројот на дијагностицирани пациенти
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Штип, 28 јуни 2020 (МИА) – Болниците во земјава почнуваат да ја нормализираат работата, посочи денеска од Штип, министерот за здравство, Венко Филипче.

-Распоредот за враќање во нормала и распоред на пациентите коишто беа одложени заради Ковид кризата е веќе направен и дел од клиниките веќе ја нормализираа својата работа согласно тоа дали даваат лекари и сестри во системот на ротација или не. Знаете дека сега е најголем притисокот на инфектолозите, интернистите, анестезиолозите. Една од главните причини зашто се одложуваа интервенциите беше за да се ослободат анестезиолозите и да може да помогнат и во интензивното лекување во болницата „8 Септември“ и на Инфективната клиника, рече Филипче.

Во однос на тоа кога ќе почне со работа системот „Мој термин“, Филипче вели дека за дел од интервенциите и клиниките веќе кон крајот на следната недела, а за останатите ќе почекаат, за  да видат, како се одвива интензитетот на дијагностицирање на нови пациенти. вдј/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопјанец ја натепал поранешната девојка удирајќи ја по главата и телото, па ја исфрлил од кола туркајќи ја меѓу столбчиња

Пензионерите од Кавадарци добиваат бесплатен превоз

МВР расчисти вкупно 12 случаи на „измама“, од слобода е лишена 23-годишна скопјанка