Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

Општина Тетово побара од Владата да се прави нова обиколница

Скопје, 28 јуни 2020 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, информираа од АМСМ и препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова, подвлекуваат, посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 02.05.2020 до 15.11.2020 е отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна маса до 3.5 тони. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штипската џиновска пастрамајлија ќе има 17 килограми месо

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нека направи дистинкција од МВР и ЈО, ако во нивно време тоа беше едно, сега се различни институции

Семејствата на пациентите со мускулна дистрофија бараат да се обезбеди нова генерација лекови