Утрински Весник
Македонија

Димитров: Датумот за преговори е 16 јули, ЕУ очекува да продолжиме по реформскиот пат

Димитров: Датумот за преговори е 16 јули, ЕУ очекува да продолжиме по реформскиот пат

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Ако ние продолжиме по овој зацртан пат, пристапните преговори ќе бидат отворени за време на германското претседателство со Советот на ЕУ, истакна носителот на листата на ИЕ1 од СДСМ, Никола Димитров на денешната трибина со граѓаните од центарот на Скопје.
-Ако се собереме во 2024 година повторно овде во центарот на Скопје, ќе зборуваме кога ќе влеземе во Европската Унија. Другата опција нема да ги почне пристапните преговори низ целиот нивен хипотетички мандат, порача Димитров.
Според Димитров, немаме право на грешки, немаме право на изгубено време во следните четири години.
-И економски и демократски ние ќе бидеме подобра држава. Да обезбедиме убедлива победа на силата што влече напред, истакна Димитров.
Тој на трибината зборуваше заедно со претседателот на СДСМ Зоран Заев, ко-носителката на листата во ИЕ1, Мила Царовска и кандидатот за пратеник Горан Мисовски.бт/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Вечерва полициска акција на кумановската патарина – застој во сообраќајот

Tаравари очекува со Европскиот фронт двојно повеќе гласови од ВРЕДИ

Мицкоски: Преку вториот повик, имаме 828 потпишани проекти во сите општини во државата без разлика градоначалникот од која партија доаѓа