Утрински Весник
Македонија

Мицкоски и Јанушев од Зрновци: Треба голема победа за ВМРО-ДПМНЕ за да нема уцени, закани или притисоци

Мицкоски и Јанушев од Зрновци: Треба голема победа за ВМРО-ДПМНЕ за да нема уцени, закани или притисоци

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Игор Јанушев носител на Изборната Единица 3 денеска ја посетија Општина Зрновци, од каде порача дека треба голема победа за ВМРО-ДПМНЕ, за како што рече, да нема уцени или закани, за да нема притисоци, пазарења и трговија.

-Голема победа за многу повеќе за земјоделците отколку за неранимајковците. За да имаме силна економија. За реконструкција на медицински установи, болници, училишта, училишни спортски сали, културни домови, асфалтирани патишта. Голема победа ни е потребна за да си ги вратиме децата дома. Чуми таква држава ако ни е празна, рече Мицкоски.

Подвлече дека им оставиле проект на СДСМ, обезбедени средства, договор потпишан, но како што рече, три години не можеле да го завршат експресниот пат од Штип до Кочани.

-Од СДСМ и Беса ќе слушнете се само нема да слушнете дека можат да направат повеќе за македонецот. Прашањето е што направија три години. Еве јас ќе ви кажам дополнително стотици илјади луѓе ја напуштија Македонија. Ги броеја Луј Витон ташните и куферите, носеа трас трас судски одлуки едни за да се пресметаат со политичкиот противник, а другите за да се амнестираат себеси. Ќе ве потсетам, може сме заборавиле за она Евро за Батето. После 15 јули повторно ќе ја отвориме, истакна Мицкоски.

После 15-ти јули доаѓа обновата, порача Мицкоски пред жителите на Зрновце.

Генералниот секретар, Игор Јанушев и носител на изборната единица 3 денеска во Зрновци истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на редовна исплата на субвенциите, на олеснет пристап до ИПАРД фондовите и поддршка на инвестиции за воведување на систем „капка по капка“.

Тој упати апел до граѓаните да се придржуваат до пропишаните мерки со цел да го сочуваат сопственото здравје и здравјето на нивните најблиски.

Како што рече, важно е да се гласа на 15 јули, за да се казнат сите погубни политики на СДСМ и Заев.

Јанушев од Зрновци порача дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на многу работа и дека се обврзуваат дека ќе работат за повисоки плати за 25% или за 6.500 денари повеќе за сите, повисоки пензии за 20% или повеќе од 3000 денари повеќе за секој пензионер, намалување на невработеноста под 10%, исто така огромен акцент да се стави во образованието затоа што сметаат дека преку мотивиран наставен кадар можеме да се подобри образованието.

-Но она што е најбитно за граѓаните кои живеат во Зрновци и Чешиново-Облешево и во кочанско се обврзуваме на редовна исплата на субвенциите, на олеснет пристап до ИПАРД фондовите, поддршка на инвестиции за воведување на систем „капка по капка“ и други системи за ефикасно и економично користење на водата, за овчарството ќе биде зголемена поддршката на основната мерка за 50%, односно од сегашните 1000 денари по грло ќе се исплаќа по 1500 денари по грло, рече Јанушев. бт/аа/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Градоначалниците на Ресен, Преспа, Пустец и Девол ќе потпишат Меморандум за соработка за Преспанскиот басен

Наутро магла и облачност, попладне дожд

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста