Утрински Весник
Македонија

На Јутјуб објавена нова аудиоснимка за Мицкоски

На Јутјуб објавена нова аудиоснимка за Мицкоски

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – На Јутјуб денеска е објавена нова аудио снимка на која се слуша разговор, како што се наведува,  меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Зоран Милески – Кичеец кој е осуден за „Рекет“ и едно женско лице.

Тие разговараат во врска со Законот за јавното обвинитество, и за „предмет, кој се уште не е завршен“.

-Овој закон за јавно обвинителство, ако помине вака како што мислат да помине, тој предмет не е завршен. Напротив, да знаете. Единствен којшто се бори во моментов сум јас, се слуша во разговорот од аудиоснимката.

Гласот за кој се наведува дека е на Мицкоски вели и дека добил помош кога му требало и кога му било најтешко, за долговите што ги оставило претходното раководство во партијата.

„Ние Зоки се договараме извесен период да се видиме. Не успеавме да се видиме со него…со избориве почнавме. Па ја откажав, па он нешто погреби-могреби таму не знам имаше, па пак јас откажав и така се некако и не можеме да се видиме, вака, објективно да ти кажам. А, лично сакам да го видам, зашто ми помогнал. Кога ти велам ми помогнал, тоа што беше долгот кај сестра му од претходнициве мои, знаеш ти беше присутен на тој разговор кога рече „Не треба ништо“. Сега мене, јас пред година и пол кога влегов во партијата немав струја, исклучена кабелска“, се слуша на аудиоснимката објавена на Јутјуб насловена „Рекет 2“.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ

Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок, вели премиерот