Утрински Весник
Македонија

Лукаревска: Ќе продолжиме да го развиваме земјоделството и во новиот мандат 

Лукаревска: Ќе продолжиме да го развиваме земјоделството и во новиот мандат 

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Носителката на Изборната Единица 2, од коалицијата предводена од СДСМ „Можеме”, Сања Лукаревска, при посетата во Чучер Сандево, каде со граѓаните разговараше за иднината на младите и на државата, рече дека СДСМ се залага за подеднаков развој на сите делови од државата. Зголемени се платите, пензиите и социјалните трансфери. Чучер Сандево е земјоделски крај, а грижата за земјоделците, ќе продолжи и во наредните четири години, порача Лукаревска.
-На овие избори има само една единствена понуда која нуди просперитет, сигурност и ја носи државата на прав пат. Од другата страна е ВМРО ДПМНЕ кои нудат обнова на режим, непријатели и конфликти.  Со СДСМ напредокот и евроинтеграцијата е реалност, рече Лукаревска.
Посочи и дека влезот во НАТО значи и стабилна економија и повисоки плати. Кажа и дека СДСМ  води здравствено безбедна кампања, со цел заштита на здравјето на сите граѓани. Лукаревска ја потенцираше важноста од носење на заштитна опрема, бидејќи свеста е најсилното оружје во борбата против коронавирусот.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра

Заврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026″ под покровителство на поранешниот Претседател Иванов