Утрински Весник
Македонија

Царовска: Сите жени да гласаат за СДСМ -партијата кој препознава родова рамноправност

Царовска: Сите жени да гласаат за СДСМ -партијата кој препознава родова рамноправност

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска синоќа на трибина во Аеродром ги повика сите жени на 15 јули да гласаат за Социјал-демократскиот сојуз затоа што во последните три години е направено многу за јакнење на жените во општеството и е единствената партија којашто препознава родова рамноправност.
-Освен што во владата имаме најмногу жени министерки досега, на овие избори настапуваме со листи 50:50 жени и мажи со што го актуелизираме родовото прашање. Успеавме да донесеме и најлиберален Закон за абортус којшто ја остава жената самостојно да одлучува за своето тело. Во изминатиот период направивме многу за економско јакнење на жените а ја ратификувавме и Истанбулската конвенција, рече Царовска.
Таа истакна дека пред идното Собрание ќе се најде целосно нов Закон за заштита и спречување на сите форми на насилство врз жените.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра

Заврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026″ под покровителство на поранешниот Претседател Иванов